Новата сезона во Формула 1 само што не започнала! Првата трка на програмата ќе се одвива овој викенд, а домаќин ќе биде најмалиот континент – Австралија. Пред почетокот на напорните тренинзи и усознавање на патеката, возачите на „Ред Бул“, Макс Ферстапен и Алекс Албон, решија малку да се релаксираат возејќи „моторизирани фрижидери“ предводени од австралиската сноуборд легенда – Скоти Џејмс. Целото натпреварување се состоеше од мини-трка проследена со мини-предизвици односно јадење и закачување алишта. На крај, до победата стигна Ферстапен кој како награда си освои трофеј со златни апостолки.