Коронавирусот во голема мера го поремети календарот во алпско скијање оваа сезона. Вчера беше откажана и последната трка во женска конкуренција што требаше да се оддржи во Оре, Шведска. Токму за оваа трка беше планирано враќањето на Микаела Шифрин која пред извесен период се повлече од светскиот куп заради смртта на својот татко. Сепак, не само враќањето на Шифрин, туку и натпреварувањата од светскиот куп ќе останат за наредната сезона.
Оваа сезона, до кристалниот глобус дојде Италијанката Федерика Брињоне со освоени вкупни 1378 поени. Зад себе ги остави Микаела Шифрин (1225 поени) и Петра Влхова (1189 поени). Италијанката беше првопласирана и во поредокот на алпска комбинација и велеслалом. Во поредокот на спуст и супер-велеслалом, првопласирана беше Швајцарката Корин Сутер. До мини кристален глобус во дисциплините на слалом и паралелно скијање дојде Петра Влхова.



