Нов Зеланд Вориорс и НК Каубојс го отворија денешниот ден со спектакуларен и изедначен дуел. Ова беше вкупно 41. меѓусебно соочување, а досега и двете екипи имаа по дваесет победи. Денес, Нов Зеланд славеше со 37-26 и го запиша својот 21. триумф во историјата над денешниот соперник.
„Воините“ постигнаа над 35 поени за првпат после првото коло во 2019, а оваа бројка претставува нивен трет највисок учинок во последните четири години.
За победничкиот тим, преку есеј поентираа Херберт, Катоа, Хику (х3), Помпи и Лоутон, а останатите поени ги додаде Никорима преку три успешни конверзии и по еден пенал и дроп-гол.
За „Каубоите“, преку есеј поените ги постигнаа Холмс, Фелдт (х2), О’Нил и Моло, а Фелдт додаде и три конверзии.
За Нов Зеланд, ова е втора победа сезонава, а ист учинок имаат и НК Каубојс. На табелата, Каубојс се наоѓаат на осмата позиција односно две места над Вориорс благодарение на подобриот биланс на постигнати и примени поени.



