Четвртото коло од овогодинешната НРЛ сезона го отворија екипите на Бризбејн Бронкос и Сиднеј Рустерс со својот дуел одигран на „Санкорп Стадиум“ во Бризбејн.
Пред почетокот на натпреварот, гостите од Сиднеј ја имаа фаворитската улога иако нивниот талисман, Џејмс Тедеско, беше отсутен поради настинка. Улогата беше оправдана со победата од неверојатни 0-59, а овој пораз, воедно, е најтешкиот во историјата на Бронкос.
На полувремето, резултатот изнесуваше 0-29 што сам по себе е уште еден негативен рекорд во историјата на Бризбејн – најголем дефицит после првите четириесет минути.
Сиднеј постигна вкупно десет есеи, а поентери беа: Морис (х2), Ману, Редли, Крајхтон (х2), Фланаган, Кери, Колинс и Тупу. Останатите поени паднаа преку деветте конверзии на Фланаган и дроп-голот на Кери во последната минута од првиот дел.
Сиднеј ја запиша втората последователна победа по продолжувањето на сезоната и изби на петтата позиција, додека за Бризбејн ова е вториот пораз во низа кој го однесе на десеттото место. Двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на нивните конкуренти.
Хајлајтс од натпреварот можете да најдете на следниот линк: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-broncos-v-roosters-1068339/



