понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН

HalkEco Хронометар на 13 јуни во Скопје!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јуни 4, 2020
📁 МАГАЗИН, НАСТАНИ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Првата Хронометар атлетска трка „HalkEco Хронометар“ 10KМ, која е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Атлетскиот клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, ќе се одржи идната сабота (13 јуни).

Организаторите информираат дека заради моменталната состојба со коронавирусот, атлетската трка ќе биде организирана со почитување на препораките од Владата и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести. На трката, чиј старт е под мостот „Гоце Делчев“ на кејот на Вардар, ќе има ограничен број учесници (360) кои својот стартен број ќе го добијат на домашна адреса.

За време на трката, учесниците ќе мора да ги почитуваат мерките за заштита, што вклучува носење заштитна маска пред стартот, односно и по целта, но не и за време на трчањето.

„Бидејќи се работи за хронометар, односно точно мерење на времето на поминување на одредена зададена должина од патеката, а за да се запази препорачаното растојание меѓу учесниците, секој натпреварувач ќе има различно време на старт. Па така, првиот натпреварувач ќе стартува во 06:30 часот, а последниот во 09:30 часот. Временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач ќе биде 30 секунди“, информираат организаторите.

Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во „Халкбанк“ истакна дека „Трката HalkEco Хронометар 10KM“ ќе биде сосема различна од сите трки кои се организираат поради примена на мерките за заштита од КОВИД-19 согласно државните препораки и протоколи, а кои ќе важат и за натпреварувачите и организаторите.

„За време на трката нема да има публика, а групирање на натпреварувачите пред и по трката нема да биде дозволено. Сите лица кои ќе бидат вклучени во организацијата ќе носат заштитни маски и ќе ги почитуваат мерките за држење дистанца, а ќе биде организирана и редарска служба. Долж патеката ќе има освежување и медицински екипи на велосипед, во зоната на стацел ќе бидат поставени мобилни чешми и средства за дезинфекција на раце, а на целта ќе има и амбулантно возило. Имајќи ја предвид природата на самата трка и фактот што таа претставува доказ дека ваквите спортови и во вонредни услови може, но и треба да се практикуваат на вака организиран и креативен начин во согласност со сите препорачани мерки за севкупна заштита, Халкбанк преку својата ХалкЕко активност со особено задоволство се јавува како значаен поддржувач на истата“, објаснува Наумовска Савеска.

За најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција предвидени се парични награди, а дополнително „Халкбанк“, за учесниците ќе обезбеди подароци. Трката го носи називот на апликацијата HalkEco на Халкбанк, чија цел е да придонесе за формирање здрави навики и зачувување на животната средина.

За секоја активност: трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, следуваат подароци и други бенефиции. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои „Халкбанк“ презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Инфо: https://halkeco.mk/

Share2Tweet
Претходна вест

(ВИДЕО) НРЛ: Сиднеј Рустерс ја остварија најубедливата победа во последните години

Следна вест

(Фото) Срам од ФФМ! Зарем и 10 бода предност не беа доволни Вардар да е шампион?

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Следна вест

(Фото) Срам од ФФМ! Зарем и 10 бода предност не беа доволни Вардар да е шампион?

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.