Саут Сиднеј Рабитохс и Кронула Шаркс се соочија во најнеизвесниот денешен дуел. Имено, Рабитохс славеа со 22-18, пред сè, благодарение на убедливото прво полувреме и неспретноста на противниците во последната минута од натпреварот. Во првиот дел, „Зајаците“ беа подобри со 16-8, а дванаесет од шеснаесетте поени ги постигна Адам Рејнолдс кој го предводеше својот тим за првпат како капитен. Освен наведениот играч, за Саут Сиднеј поентираа и Греам и Лав, додека за Кронула поените ги постигнаа Џонсон, Греам и Катоа. Во последната минута од натпреварот, Кронула имаше шанса да дојде макар до израмнување, но во таа намера беа спречени од невнимателноста во нападот.
Најинтересните моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.nrl.com/news/2020/03/14/match-highlights-rabbitohs-v-sharks/