Њукасл Најтс и Нов Зеланд Вориорс ги одмерија силите во првиот денешен натпревар во рамките на првото коло од новата сезона на НРЛ. Домаќините од Австралија стигнаа лесно до победата со резултат од 20-0. Њукасл постигна по десет поени и во двете полувремиња, а најефикасен играч беше Понга. Австралијанецот постигна тринаесет поени од кои еден есеј, две конверзии и два пенали. Останатите две полагања беа дело на Саифити и Ли.
Најинтересните моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-knights-v-warriors-1041156/



