Како што би било во природата, така се испостави и на теренот „Пантерите“ да ги поразат „Петлите“. Имено, актуелните шампиони Сиднеј Рустерс загубија на гостински терен од Пенрит Пантерс иако имаа фаворитска улога. Натпреварот изобилуваше со неверојатни моменти и кавлитетна игра што на крајот заврши во корист на Пенрит со 20-14. Рустерс доминираа во првото полувреме кое го добија со 6-12, но во вториот дел беа надиграни со 14-2. Поените за Пенрит ги постигнаа Нејден, Клери, Крихтон и Кикау, додека за Сиднеј поентираа Фланаган, Аубусон и Таукеиахо. За Крихтон, младиот играч на Пенрит, овие беа први поени, а воедно и првиот есеј што ги забележа на своето деби во НРЛ.
Најинтересните моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.nrl.com/news/2020/03/14/match-highlights-panthers-v-roosters/