Екипата на Канбера Реидерс го запиша првиот пораз во новата сезона откако денес, на „Кемпбелтаун Стадиум“ во Сиднеј, загуби од екипата на Њукасл Најтс со 18-34.
Од друга страна, Њукасл останува една од трите непоразени екипи. Имено, на првото место со четири победи од првите четири натпревари е тимот на Парамата Илс, додека Њукасл и Пенрит Пантерс се наоѓаат на второто и третото место благодарение на меѓусебното реми во третото коло.
На денешниот натпревар, Канбера ја имаше фаворитската улога, но тимот од австралиската престолнина имаше дефицит по крајот на двете полувремиња. Во првото полувреме, Њукасл доминираше со 6-16, а во второто со 12-18.
За Канбера, поените ги постигнаа Вајтон, Кортик и Папали со по еден есеј односно Кроукер со три успешни конверзии. За Њукасл, преку есеј поентираа Бест (х2), Понга, Туала и Ли (х2), а со дополнителни конверзии, повратникот Понга додаде уште осум поени и Хој додаде уште два.