После спектакуларниот трансфер на десното крило Златко Хорват и одличните трансфери на Канкараш, Рниќ и Потиќ ја контактиравме првата дама на Металург, Зорица Блажевска што да очекуваме од Металург наредно во трансфер периодот. Таа специјално за порталот www.javisejuzna.mk ја даде следната изјава:
“Во моментов сме во преговори за среден бек, но го следиме трансфер пазарот. Многу клубови поради ситуацијата им нудат неприфатливи услови на одлични играчи. Без оглед на позицијата, ќе ја искористиме таквата шанса доколку се појави некој интересен играч.”



