Пенрит Пантерс и Мелбурн Сторм го одиграа дербито на шестото коло во овогодинешната НРЛ сезона. Натпреварот беше одигран на „Кемпбелтаун Стадиум“ во Сиднеј односно стадионот на којшто, во пресрет на овој дуел, двете екипи имаа серија од по седум победи.
Оваа серија на Мелбурн беше прекината денес откако Пенрит славеше со 21-14. И двете полувремиња „Пантерите“ ги добија со минимална разлика, 8-6 и 13-8, што на крајот им ја донесе посакуваната победа.
За Пенрит, по еден есеј постигнаа Крајхтон, То’о и Кикау, а Клери ги додаде останатите поени со три конверзии, еден пенал и еден дроп-гол.
За Мелбурн, во листата на поентерите се запишаа Кауфуси и Бренко, а Смит придодаде уште две конверзии и еден пенал.
Со оваа победа, Пенрит ја презема третата позиција и има само бод заостаток и натпревар повеќе во однос на првопласираниот тим на Парамата Илс, додека Мелбурн е петти со осум освоени поени.