Екипата на Саут Сиднеј Рабитохс ја запиша втората победа во низа откако денес го совлада убедливо тимот на Нов Зеланд Вориорс со 40-12.
Вориорс поведоа во петтата минута преку есејот на Фуситуа, а до шеснаесеттата минута беа во резултатски егал од 6-6, откако Никорима погоди пенал, а за Рабитохс поентираа Греам и Рејнолдс преку полагање и конверзија. Во продолжение следуваше серија од 34-0 на Саут Сиднеј, а во листата на стрелците преку есеј се запишаа Рејнолдс, Барнс, Џонстон (х2), Вокер и Кук, а Рејнолдс додаде уште пет конверзии. За да го ублажи поразот на својот тим, Пааси постигна есеј на пет минути до крајот што беше успешно конвертиран од Никорима за конечни 40-12.
Со оваа победа, Саут Сиднеј изби на седмото место, додека Нов Зеланд ја зазема единаесеттата позиција со две победи по првите шест кола.



