Единствениот денешен натпревар од третото коло на тековната АФЛ сезона го одиграа екипите на Вестерн Булдогс и ГВС Џајантс. И двете екипи очајно ја започнаа сезоната. Имено, ГВС како актуелен вицешампион, во првото коло го победи Џилонг, а потоа претпре пораз од Норт Мелбурн. Од друга страна, Вестерн Булдогс беа поразени во двата инаугурални натпревари од Колингвуд и Ст. Килда.
На денешниот меч, Булдогс славеа со (8.9) 57-33 (4.9), а головите ги постигнаа осум различни играчи – Бонтемпели, Дејл, Данкли, Кит, Либераторе, Ричардс, Смит и Валис.
Два од четирите голови за ГВС постигна Перимен кој го доби приматот за најефикасен играч на овој натпревар.
Со оваа победа, Вестерн Булдогс се израмнија на табелата со денешниот ривал, но поради послабите процентуални параметри се наоѓаат четири позиции подолу – ГВС Џајантс ја зазема единаесеттата, а Булдогс петнаесеттата позиција.
Засега, без победа остануваат само Фриментл Докерс, Карлтон Блус и Аделаид Кроус.