Дербито на деветтото коло од тековната регуларна сезона во НРЛ го одиграа Њукасл Најтс и Парамата Илс.
Ова беше еден од натпреварите со најмалку постигнати поени во последните сезони. Имено, двете екипи постигнаа вкупно четиринаесет поени, а резултатот изнесуваше 4-10 во корист на Парамата.
По првите четириесет минути, натпреварот беше изедначен со по еден постигнат есеј и на двете страни. Најпрво, за Парамата поентираше Метерсон, а за Њукасл, поените ги освои МекКулог.
Во вториот дел, Парамата поведе преку успешниот пенал на Гатерсон, а во 65. минута, Сиво, со нов есеј, го постави конечниот резултат.
Со оваа победа, Парамата остана на првото место со бод предност во однос на второпласираниот тим на Пенрит Пантерс. Од друга страна, Њукасл не успеа да ја одбрани четвртата позиција што ја имаше во пресрет на ова коло, па овој пораз значеше пад на петтото место.