Ричмонд Тигерс и Сиднеј Свонс се соочија во рамките на шестото коло од тековната АФЛ сезона. Иако силите ги одмерија актуелните шампиони (Ричмонд) и вицешампионите од 2016 (Сиднеј), сепак натпреварот не беше атрактивен. Главната причина е формата на Сиднеј, кој има само две победи сезонава, а воедно и формата на Ричмонд, кој во пресрет на овој меч имаше само две победи и едно реми. Освен просечната форма, овој дуел беше карактеризиран и со малиот број на поени.
Сепак, квалитетот на „Тигрите“ беше клучен за да дојдат до победата од (4.10) 34-26 (3.8) и да ја запишат втората победа во низа за првпат во новата сезона.
Најефикасниот дел од денешниот меч беше првата четвртина што Ричмонд ја доби со (3.3) 21-9 (1.3). Головите за Сиднеј ги постигнаа Роуботом и Папли, додека за Ричмонд погодија Риволт, Мартин, Болтон и Линч.
Со оваа победа, екипата од Мелбурн успеа да влезе во местата што водат во плејоф односно да се искачи на шестата позиција. Од друга страна, Сиднеј останува претпоследен со осум поени.