Парамата Илс и Вестс Тигерс го отворија единаесеттото овосезонско коло од НРЛ на „Банквест Стадиум“ во Сиднеј.
Номиналните домаќини, Парамата Илс, стигнаа до деветтиот триумф сезонава откако денес беа подобри со резултат од 26-16. Клучнен елемент за победата на „Јагулите“ беше серијата од 22-0 од 22. до 64. минута.
Поените за Вестс Тигерс, преку есеј ги постигнаа Леилуа, Нофоалума и Талау, а Мбаје додаде уште една конверзија и еден пенал.
За победничкиот тим, есеите ги постигнаа Сиво (х2), Кемпбел-Џилард, Мосес и Лејн, а Мосес додаде уште две конверзии и еден пенал.
Со оваа победа, Парамата изби на првото место со поен предност, но и натпревар повеќе во однос на Пенрит Пантерс, додека Вестс Тигерс останаа на седмата позиција.