Претходниот викенд, на тренинзите, квалификациите и трката во Херез, Марк Маркез, Кал Крачлоу и Алекс Ринс претрпеа застрашувачки падови и доста сериозни повреди.
Сепак, медицинската контрола, денес, ги прогласи тројцата возачи за спремни да се тркаат на трката за големата награда на Андалузија што ќе се одржи овој викенд на истата патека во Херез.
Маркез помина најлошо од тројцата возачи – доживеа тежок пад и ја скрши коската на раката. Пред два дена беше опериран, но и покрај тоа, актуелниот шампион ќе се врати на патеката.