Осмото коло од тековната АФЛ сезона, на „Метрикон Стадиум“ во Карара, го отворија екипите на Голд Коуст Санс и Вестерн Булдогс.
До победата стигна тимот од Мелбурн после неизвесен натпревар и интересна завршница. Крајниот резултат изнесуваше (6.10) 46-51 (7.9) за Вестерн Булдогс, кои водеа со по два разлика после секоја од првите три четвртини.
Еден од трагичарите на Голд Коуст беше сензационалниот Изак Ранкин, кој само во последната четвртина постигна четири бихајнди. Најефикасен на овој натпревар беше Алекс Секстон од Голд Коуст со учинок од (3.0) односно осумнаесет поени.
За Голд Коуст, ова беше трет пораз во последните четири натпревари, кој ги пласира на осмата позиција со натпревар повеќе во однос на сите конкуренти. Од друга страна, Булдогс го запишаа вториот последователен триумф односно петтиот во последните шест натпревари и се искачија на третото место.