Првиот денешен натпревар, а воедно и вториот натпревар од новата НРЛ сезона го одиграа екипите на Канбера Рејдерс и Голд Коуст Титанс. Домаќините влегоа во дуелот како фаворити и успеаја да ја оправдаат истата улога. После првото полувреме резултатот изнесуваше 18-0. Два есеи постигна Вајтон, еден постигна Гулер, а Крокер успешно ги конвертира сите три. На почетокот од второто полувреме, Голд Коуст намали на 18-6 преку есејот на Дон и конверзијата на Тејлор, но Канбера ги постави конечните 24-6 преку полниот есеј на Вајтхед и Крокер. Џерод Крокер (29) стана првиот играч во историјата на НРЛ што постигнал над две илјади поени на возраст помала од триесет години.
Најдобрите моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк:
https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-raiders-v-titans-1040782/



