Второто коло од овогодинешната сезона НРЛ го вклучува и најинтересното дерби во кое главни улоги имаат Бризбејн Бронкос и Саут Сиднеј Рабитохс. Двете екипи ја започнаа сезоната со победа, а Бризбејн ја продолжи својата победничка серија и после овој дуел. Имено, Бронкос славеа со 22-18 во изедначен дуел каде што важеа за благи аутсајдери.
Првото полувреме содржеше две серии – најпрво со 10-0 поведе Бризбејн преку есеите на Стегс и Милфорд како и пеналот на Исаако. До крајот на полувремето, Рабитохс направија серија од 12-0 и на полувреме заминаа со блага предност од 12-10. Есеи постигнаа Греам и Вокер, а Рејнолдс беше прецизен од пенал и од едната конверзија.
Второто полувреме повторно го отворија домаќините, но овој пат со серија од 12-0. Стагс постигна два есеи, а Исаако успешно ги конвертира. До крајот, Саут Сиднеј постигна само еден полн есеј преку Џонсон и Рејнолдс.



