Вториот натпревар од овогодинешната АФЛ сезона го одиграа две екипи ситуирани во Мелбурн – Вестерн Булдогс, шампионите од 2016, односно Колингвуд Мегпајс – вицешампионите од 2018.
Се очекуваше доста неизвесен натпревар во кој блага фаворитска улога имаа Булдогс, но ситуацијата на теренот донесе потполно друг исход. Имено, Колингвуд убедливо славеше со (5.4) 34-86 (13.8) пред сè благодарение на одличното прво полувреме кое го доби со (4.0) 24-54 (8.6). Во вториот дел, Мегпајс ја зацврстија својата одбрана и примија само десет поени. Најефикасен играч на натпреварот беше Броди Мајочек кој постигна хет-трик.