Со аутсајдерска улога, Далас Маверикс синоќа ги совладаа ЛА Клиперс со резултат од 105-89.
Клиперс беа рамноправни сè до крајот на првото полувреме, а во вторите две четвртини, Далас константно беше во резултатска позитива.
Најголем придонес во победата на тимот од Тексас имаше Лука Дончиќ со убедливи 42 поени, со 6 скокови и со 9 асистенции.
Од неговите соиграчи, дабл-дабл постигна Криштапс Порзингис, кој имаше 11 поени и 13 скокови.
Од гостинскиот состав, со 28 кошеви најефикасен беше Пол Џорџ, а Каваи Ленард уфрли уште 20 поени.
На табелата на Западот, Клиперс (26-16) ја држат четвртара, а Далас (21-18) – осмата позиција.
📸 Glenn James/NBAE via Getty Images