Синоќа, Њујорк Ренџерс ја запишаа својата најголема победа после 31 март 1986, откако ги совладаа Филаделфија Флаерс со 9-0.
Во првиот период, единствени стрелци беа Брендан Лемиу и Артеми Панарин, а права канонада следуваше во вториот дел.
Имено, во вторите дваесет минути, ,,Ренџерите” дури седум пати ја затресоа противничката мрежа.
Од седумте голови, три беа дело на Мика Зибанеџад, кој исто така запиша и три асистенции.
Останатите голгетери беа Павел Бучневич (х2), Џејкоб Труба и Филип Хитил.
Важен играч за клубот од ,,Медисон Сквер Гарден” беше и голманот Александар Георгиев, кој со 26/26 одбранети удари, дојде до вториот овосезонски шут-аут.
Со синоќешните перформанси, Зибанеџад стана првиот хокеар после Рене Бурк (28 декември 2009 против Едмонтон Оилерс) што постигнал непрекинат хет-трик, составен од голови при ситуации кога тимот имал играч помалку, играч повеќе и ист број на играчи во однос на противникот.
Исто така, Швеѓанецот, со трите голови и со трите асистенции во втората третина, го израмни рекордот за најмногу поени (6) во еден период, поставен од Брајан Тротиер на 23 декември 1978, токму против Ренџерс.
На табелата на Истокот, Флаерс се петти, а Њујорк Ренџерс останаа на шестото место.
📸 Bruce Bennett/Getty Images