По ЕХФ неделата и репрезентативните обврски, на сцена се врати шампионатот на Франција во ракомет. Нант триумфираше против Кретеј со 27:25 (15:11) и го потврди добриот момент од почетокот на месецот.
Нант со добрата одбрана и лесните голови брзо се одлепи и стигна до 8:3 во 12. минута. Гостите реагираа и се вратија во поднослива негатива, па на одмор се замина со 15:11 за екипата на Алберто Ентрериос. Кретеј неколку пати дојде до -1,-2 разлика во вториот дел, но немаше енергија за целосен пресврт, па загуби со 27:25.
Кирил Лазаров постигна еден погодок, а Овничек и Пехмалбек со по четири гола беа најефикасни во победничкиот табор. Нант чекори кон второто место, па по оваа победа сега со 22 бода е на делба од третото до петтото место со 22 бода.
Фото и извор: Kiril Lazarov 7 @lazarovkiril7