Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага е на удар на јавноста поради неговите чести очајни интервенции, иако Челзи на Атлетик Билбао исплати големо обештетување само да го доведе во своите редови.
Шпанскиот голман доби нова шанса да застане помеѓу стативите на премиерлигашки натпревар, а неговиот Челзи одигра нерешен резултат со Саутемптон со резултат од 3:3.
За киксот на тимот од Лондон кумуваше и голманот Аризабалага кој во 57 минута направи урнебесен превид и грешка по која што со гол го казна противничкиот голгетер Че Адамс за во тој момент израмнување на 2:2.
Челзи водеше и 2:0, имаше и предност од 3:2, но во самиот финиш во судиското надополнување се стигна до реми од 3:3 и поделба на бодовите за повторно репрезентативнот голман на Шпанија да биде на удар на јавноста, а омразен лик кај фановите на Челзи.