Голманот на Арсенал и привремен репрезентативец на Македонија, струмичанецот Дејан Илиев е позајмен од англискиот великан во Шрузбери Таун каде што оваа сезона треба да добие минутажа и да го разубеди на Артета дека во иднина во него може да добие првотимски статус.
Веднаш на дебито во рамките на шесто коло Шрузбери Таун имаше тешко гостување кај тимот на Вимблдон и го добија овој натпревар со минимални 0:1 со голот на Кларк во финишот од натпреварот.

Најзаслужен што гостинската мрежа остана незатресена е токму македонскиот интернационалец, Дејан Илиев кој на своето деби имаше блескава партија во која што не дозволи да се затресе неговата мрежа, а тимот стигна до нови три бода.



