Хувентуд Бадалона за кој настапува репрезентативецот на Македонија Ненад Димитријевиќ заработи пораз и ја прекина победничката серија во шпанската Ендеса лига. На гостувањето кај тимот на Тенерифе загубија со резултат од 86:82. За 20 минути поминати на паркетот, Димитријевиќ зад своето име запиша сосема коректни 10 поени плус придодаде и 3 асистенции.



