Адмирал Владивосток ја продолжи својата негативна серија на пет врзани порази, откако денес загуби од Сибир Новосибирск.
Имено, гостите дојдоа до првиот меѓусебен триумф после 2019, победувајќи на пенали со конечни 2-3.
Во втората третина, Јегор Спиридонов и Тејлор Бек погодија за двојно водство на претставниците на Новосибирск, додека во третиот период, за Владивосток израмнија Либор Шулак и Николај Чебикин.
Во пенал-серијата, единствен реализатор за домаќините беше Рудолф Червени, додека за победничкиот состав двапати реализираше Александер Шаров.
Во Источната конференција, Сибир изби на првото место, додека Адмирал сè уште е во плејоф-зоната на седмата позиција.
https://www.instagram.com/reel/Cn4OR-fIttw/?igshid=YmMyMTA2M2Y=