Денес, во финалето на Западната конференција на КХЛ, ЦСКА Москва поведе со вкупни 2-0 против СКА Ст. Петербург.
Имено, вториот меѓусебен дуел на двете армиски екипи заврши со резултат од 2-0 во корист на претставниците на Москва.
Голови за домашниот состав постигнаа Максим Шалунов во втората и Константин Окулов во третата третина.
Исто така, значаен придонес направи и голманот Ларс Јохансон, кој имаше 27/27 одбранети шутеви и дојде до третиот последователен шут-аут.
📸 Twitter: @hcSKA



