Втор викенд во низа, возачите од МотоГП се натпреваруваа во Катар, но овој пат за големата награда на Доха.
Имено, на втората трка во новата сезона до победата дојде Фабио Квартараро.
Французинот успеа да го направи клучниот потег на четири кругови до крајот, кога го презеде водството од Хорхе Мартин.
Имено, Мартин стартуваше од пол-позицијата и успеа да дојде до првиот подиум во ,,кралската” класа, освојувајќи го третото место.
Славјето на дебитантот за нијанса го намали Жоан Зарко, кој се пласираше на втората позиција по вторпат во низа и го презеде водството во генералниот пласман.
Патем, Франција силно ќе слави за своите мотоциклисти, бидејќи за првпат после 1954, двајца Французи завршија на пиедесталот на иста трка.
Во продолжение, во првите петмина завршија Алекс Ринс и Маверик Вињалес, а пласман во топ 10 изборија уште: Франческо Бањаја, Жоан Мир, Бред Биндер, Џек Милер и Алеиш Еспаргаро.
📸 Steve Wobser/Getty Images



