
Денешниот ден во полската Висла беше резервиран за првото овосезонско натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција.
На него, до победата стигна Норвежанката Силје Опсет со скокови од 123 и од 127 метри.
Зад неа, на второто место се пласираше Марита Крамер, а подиумот го комплетираше Ева Пинкелних.
Од останатите натпреварувачки, во топ 10 се најдоа уште: Фрида Вестман, Ана Одине Стром, Сара Таканаши, Ника Крижнар, Ема Клинец, Џени Раутионахо и Теа Минјан Бјорсет.