
Во дербито на денот од финската хокеарска Лиига, Тапара Тампере го совлада Луко со 1-2.
Сите три гола паднаа во третата третина, а резултатот го отвори Петери Пухака.
Истиот играч, на пет минути пред крајот, зголеми на 0-2, откако претходно, за домашниот состав, пенал промаши Анреи Хакулинен.
Сепак, до крајот, домаќините постигнаа почесен погодок, благодарение на Габриел Фонтен.
И покрај поразот, Луко остана на лидерската позиција на табелата, додека Тапара го зазема четвртото место.