
На премиерното натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови до победа дојде Давид Кубацки.
Полјакот беше најдобар на домашен терен во Висла и славеше со скоковите од 130,5 и од 132,5 метри.
Најдолги скокови на денот имаа Халвор Егнер Гранеруд и Штефан Крафт во втората серија (133,5 метри), кои ги зазедоа второто и третото место.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Мануел Фетнер, Пјотр Жила, Даниел Чофених, Рјоју Кобајаши, Филип Ашенвалд, Јохан Андре Форфанг и Камил Штох.
Од фаворитите, без поени, односно без пласман во вториот дел останаа Карл Гајгер, Ловро Кос, Даниел Хубер, Даниел Андре Танде и Михаел Хајбок.