Четвртиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон се одвиваше во австрискиот Хохфилцен по вторпат во низа. На денешната програма беше спринтот во женска конкуренција, клучен за стартните времиња на саботната потера.
Како најбрза скијачка, иако со еден промашај, се покажа Тирил Екоф (19:38,0), којашто, заедно со сонародничките Ингрид Ландмарк Тандерволд (+7,6) и Марте Роиселанд (+24,6), го окупираше победничкиот пиедестал.
Освен нив, во првите десет се пласираа уште: Франциска Пројс (+25,1), Елвира Оберг (+27,4), Хана Оберг (+29,4), Елена Кручинкина (+39,8), Лин Персон (+46,3), Клер Еган (+46,4) и Доротеа Вирер (+47,3).