петок, јануари 22, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Историјата е испишана: Герагти-Моутс е првата нордиска победничка во Светскиот куп

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 18, 2020
📁 Останато, Спорт

Натпреварувањата во нордиска комбинација се составени од две серии, каде што едната е во ски скокови, а другата во скијачко трчање.

Досега, оваа дисциплина беше само машка во рамките на Светскиот куп. Сепак, од денес, односно од тековната сезона 2020/21, истата почна да се практикува и во женска конкуренција.

На денешната програма беше дебитантското женско натпреварување, одржано во Рамзау, Австрија.

Во првата серија, на скокалницата (ГС 98), најдобра беше Норвежанката Гида Вестволд Хансен, која успеа да избори огромна стартна предност во пресрет на втората серија во однос на сите конкурентки. Првите десет натпреварувачки заостануваа под една минута, а најдобри од нив беа Вероника Џанмоена (+0:26), Анју Накамура (+0:29), Клаудија Пуркер (+0:34) и Сигрун Клајнрат (+0:38).

Во втората серија следуваше скијачкото трчање на пет километри, каде што најзначаен напредок направи Тара Герагти-Моутс. Американката се испиша во историјата како прва победничка на едно натпреварување од Светскиот куп, притоа надоместувајќи стартен заостаток од цели 39 секунди. Освен неа, на подиумот се пласираа Гида Вестволд Хансен (+1,5) и Анју Накамура (+13,0).

На првото натпреварување, во првите десет, освен горенаведените три скијачки, завршија уште: Марте Леинанд Лунд (+1:05,8), Сигрун Клајнрат (+1:12,6), Лиза Хирнер (+1:25,8), Мари Леинанд Лунд (+1:43,2), Вероника Џанмоена (+1:43,5), Аника Зиф (+1:59,8) и Анастасија Гончарова (+2:10,3).

Tags: Герагти-МоутсНордиска комбинацијаРамзау
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Норвешки подиум во Хохфилцен

Следна вест

ЖФК Истатов во Ничевска ја најде замената за Лекоска

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски
Ракомет

Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Јан/2021
Селекторот Базаревич на спесок ги има сите руски ѕвезди
Кошарка

Селекторот Базаревич на спесок ги има сите руски ѕвезди

✏️ Предраг Јанчески
22/Јан/2021
Начевски и Николов денес ќе им судат на домаќините
Ракомет

Начевски и Николов денес ќе им судат на домаќините

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Јан/2021
(ВИДЕО) Винипег, за две третини, ја порази Отава
Останато

(ВИДЕО) Винипег, за две третини, ја порази Отава

✏️ Епов Насе
22/Јан/2021
Следна вест
ЖФК Истатов во Ничевска ја најде замената за Лекоска

ЖФК Истатов во Ничевска ја најде замената за Лекоска

Последно

(Галерија) Запознајте ја Николина најзгодната хрватска одбојкарка

Филип Лазаров останува во Ратинген кај Аце Јоноски

(Видео) Јоце Панов со нова хит песна “Mojот град”

Селекторот Базаревич на спесок ги има сите руски ѕвезди

Начевски и Николов денес ќе им судат на домаќините

(ВИДЕО) Винипег, за две третини, ја порази Отава

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.