Единствените две екипи од западниот брег на Австралија, Вест Коуст Иглс и Фриментл Докерс, запишаа пораз во првите две кола против Норт Мелбурн Кенгарус.
,,Кенгурите” ја завршија минатата сезона на последното место и влегоа во новата кампања со нов тренер, Алистер Кларксон, кој ги предводеше до две сензационални победи.
Во рамките на втората рунда, Норт Мелбурн, во трилер-завршница, успеа да им го нанесе првиот меѓусебен пораз на Докерс после 2018, совладувајќи ги со (10.12) 72-73 (11.7).
Од победничките редови, најефикасен беше Ник Ларки (4.0), кој е прв стрелец во лигата со вкупно десет погодоци, а од неговите соиграчи, по него следуваа Куртис Тејлор (2.0) и Џејдин Стивенсон (2.0).
На спротивната страна, двоцифрен број на поени имаа Мајкл Волтерс (2.1) и Џегер О’Мира (2.1).
На табелата, Норт Мелбурн го зазема третото место, додека Фриментл се наоѓа на тринаесеттата позиција.