
Синоќа, Чикаго Кабс ја запишаа петтата победа на последните шест пресметки, откако славеа над Питсбург Пиратес со 3-2.
На мечот, претставниците на Чикаго поентираа по еднаш во првите три ининзи за да дојдат до конечниот триумф.
Поентери за победничкиот состав, со по четири освоени бази, беа Џок Пидерсон, Дејвид Бот и Хавиер Баез.
Од друга страна, ,,Пиратите” успеаја да ја вратат неизвесноста во финишот со поените во последниот период, постигнати од Колин Моран и од Џејкоб Сталингс со трчање.
Веднаш после натпреварот, Кабс (16-16) го заземаа седмото, а Питсбург (13-18) – четиринаесеттото место.



