Првиот меч од одбојкарската Лига на нации во машка конкуренција го одиграа Франција и Бугарија.
Накрај, Франција ја оправда фаворитската улога и ги доби Бугарите со 3-0 или по сетови 27-25, 25-21 и 25-23.
Бугарија беше поквалитетна селекција во првиот сет, која водеше уште од самиот старт.
Сепак, нашите источни соседи не искористија три врзани сет-топки (24-21) што се испостави како пресвртна точка на цел меч.
Во наредните две партии, Французите рутински доаѓаа до поените, особено во клучните моменти.
Најефикасен поединец на теренот, со 19 поени, беше бугарскиот капитен, Цветан Соколов, кој после натпреварот се огласи:
,,Мислам дека го загубивме мечот во првиот сет, кога беше 24-22. Тоа беше моментот што моравме да го искористиме и да го освоиме сетот. Потоа, тие го пронајдоа потребниот ритам и почнаа да играат на многу начини. Го изгубивме првиот сет и според мене, тоа беше најважниот дел од натпреварот. Исто така, на крајот не игравме добро. Франција беше подобар тим и ја заслужи победата.”
На спротивната страна, по 10 поени освоија двајцата најдобри француски поентери – Жан Патри и Јасин Луати.