
Дербито на сезоната беше воедно и премиера на единаесеттото АФЛ коло, а во него, копјата ги вкрстија Мелбурн Демонс и Вестерн Булдогс.
Имено, за првпат после 2018, Демонс успеаја да слават против Булдогс, надигрувајќи ги со (8.11) 59-87 (13.9).
,,Ѓаволите” стекнаа капитална предност од 14-41 уште во првата четвртина, но на полувремето Булдогс губеа само со 41-60.
Сепак, третиот и четвртиот квартал беа значително понеефикасни, така што, нивниот вкупен резултат гласеше 18-27.
Најефикасни од победничкиот состав беа Бејли Фритч (3.2) и Том МекДоналд (3.0), кои заедно комбинираа за 38 поени.
На спротивната страна, со постигнатиот хет-трик, најдобро се покажа напаѓачот Џош Брус (3.1).
На табелата, Мелбурн и понатаму останува на лидерската позиција, додека Булдогс, иако имаат натпревар повеќе во однос на третопласираниот Џилонг, се сигурни на второто место.



