
Претпоследниот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во крос-кантри започна со трките по класичен стил на десет километри во Фалун, Шведска.
Во машка конкуренција имаше целосна скандинавска доминација при која, првите четири места ги зазеде Норвешка.
До триумфот стигна Јоханес Клебо (23:55,3), на подиум завршија Мартин Левстром Нингет (+10,7) и Харалд Остберг Амундсен (+20,7), а во топ 5 се пласираа уште Паал Голберг (+23,0) и Перту Хиваринен (+24,7).
Кај дамите, до вториот триумф во сезоната стигна Финкињата Керту Нисканен (27:08,5), која ги остави зад себе Катарина Хених (+15,9) и Ане Шерсти Калваа (+22,3).
Во продолжение, во првите петмина завршија уште Џеси Дигинс (+31,6) и Јона Сундлинг (+36,3).