
На денешната програма во Солдеу (Андора), од Светскиот куп во алпско скијање, беше единствениот тимски настан.
Имено, вицешампионите од СП 2023, Норвешка, дојдоа до триумф во состав на: Тимон Хауган, Теа Лујза Стјернесунд, Марија Тереза Твиберг и Расмус Виндингштад.
На втората позиција се искачи Швајцарија, односно Семиел Бисих, Андреа Еленбергер, Камил Раст и Ливио Симоне.
Во малото финале, трето место на Австрија и’ донесоа Франциска Гритч, Фабио Гштрајн, Адријан Пертл и Јулија Шајб, а без пиедестал останаа Германија, Италија и Андора.