
Со денешниот триумф од 1-3 над СКА Ст. Петербург, екипата на АК Барс Казањ дојде до петтата победа на последните шест средби.
Имено, ,,Зелените” го започнаа денешниот дуел со голот на Пар Линдхолм во четвртата минута, но домаќините го анулираа својот дефицит после пет минути преку Никита Гусев.
До доаѓањето на првата пауза, Никита Динјак ја врати предноста на страна на гостите со својот седми овосезонски погодок.
Резултатот од 1-2 беше актуелен сè до последната минута, кога СКА играше без голман, а Џордан Вил ја искористи празната мрежа.
Иако стануваше збор за дерби, двете екипи пружија релативно потпросечна игра во нападот со биланс на шутеви од 13-17 во корист на АК Барс.
И покрај поразот, СКА остана на првото место на Западот, додека во Источната конференција, Казањ се наоѓа на третата позиција.




