Серијата на Лос Анџелес Доџерс од шест триумфи во низа, синоќа беше прекината од Колорадо Рокис, кои играат слабо во последно време и имаат само осум победи на последните дваесет и пет средби.
Резултатот од синоќешниот натпревар изнесуваше 2-5 во корист на тимот од Денвер, а до победата стигна во деветтиот ининг. Имено, во петтиот ининг, Доџерс забележаа два поени и израмнија на 2-2 – резултат што беше активен до самиот крај. Во последниот ининг, Колорадо постигна три победоносни поени.
Единствениот хоум-ран на мечот го постигна Чарли Блекмон (Колорадо) во четвртиот ининг.
Со оваа победа, Колорадо ја презеде третата позиција во Западната дивизија на Националната лига со учинок од 19-20, а во истата група, Доџерс се на врвот со 30-11.



