„Ренџерите“ од Њу Јорк синоќа покажаа неверојатна игра во првите две третини којашто им помогна да ги однесат поените од домот на Далас Старс. Имено, Ренџерс победија со 2-4, а после првите две третини стекнаа капитална предност од 0-4. Стрелци на головите беа Адам Фокс, Мика Зибанеџад и Каапо Како (х2). Во последната третина, Далас успеа само да ја преполови предноста преку Роопе Хинтц и Ендру Кољано.
За Далас ова беше шести последователен пораз, а воедно и трети по ред на домашен терен, додека Ренџерс ја запишаа втората победа на последните три натпревари. Во Источната конференција, Ренџерс ја заземаат десеттата позиција, додека Далас е петтопласиран тим на Западот.



