Натпреварот помеѓу Анахајм Дакс и Отава Сенаторс донесе едно неверојатно и несекојдневно достигнување. Имено, домаќините од Анахајм, за триесет минути игра, имаа само осум удари кон противничкиот гол, а успеаја да реализираат дури пет од нив. Во овој процес, до првиот хет-трик во НХЛ дојде Никола Делорие кој премина во Анахајм на почетокот на сезоната од редовите на Монтреал Канадиенс. Освен Канаѓанецот, по еден гол постигнаа и Јакоб Силфверберг и Рикард Ракел. Натпреварот заврши со конечен резултат од 5-2.
Двете екипи се наоѓаат при дното на своите конференции – Анахајм е тринаесетти на Западот, а Отава е петнаесетти тим на Истокот.



