Синоќа, Лос Анџелес Лејкерс, на домашен терен, ја пречекаа екипата на Бруклин Нетс. „Езерџиите“ иако важеа за фаворити, не успеаја да ја оправдаат истата улога. Имено, Бруклин славеше со 102-104 во рамноправен натпревар и после неверојатна завршница во која Ентони Дејвис промаши отворен шут за тројка во последната секунда.
ЛеБрон Џејмс беше најефикасен играч на натпреварот, а воедно и единствен со дабл-дабл учинок од дваесет и девет поени и дванаесет скокови.
За Бруклин, ова беше трета победа во низа, додека Лејкерс ја прекинаа својата серија од четири врзани победи. Во Западната конференција, Лејкерс се првопласирани, додека Бруклин е седмопласиран тим на Истокот.



