Во синоќешниот дуел помеѓу 1/16-финалистите од тековната НХЛ сезона, Монтреал Канадиенс и Питсбург Пенгуинс, видовме дури седум погодоци и две серии од по три гола.
Имено, Монтреал дојде до победата од 4-3 и поведе со 2-1 во меѓусебната серија, па сега е само на една победа од осмина-финалето.
Канадиенс поведоа со 1-0 во петтата минута преку Шеј Вебер, а во наредните дваесетина минути, Питсбург направи серија од 3-0 и поведе со 1-3. Стрелци за Пенгуинс беа Патрик Хорнквист и Џејсон Цакер со пауер-плеј голови во првата третина, односно Теди Блугер на почетокот на вториот дел.
Оттогаш, па сè до крајот, Монтреал постигна нови три погодоци за конечната победа после големиот пресврт. Овој пат, мрежата на Мет Мареј ја затресоа Џонатан Друин и Пол Бајрон во втората, односно Џеф Петри во третата третина.