Аризона Дајамондбекс и Хјустон Астрос го одиграа најефикасниот од сите синоќешни МЛБ натпревари. Имено, Аризона стигна до победата од 14-7 што воедно е прва нивна победа над Хјустон уште од 15 септември 2018.
Клучен елемент за овој триумф беше четвртиот ининг во којшто домаќините забележаа дури девет поени, без притоа да постигнат хоум-ран. Сепак, натпреварот имаше дури осум хоум-рани односно по четири и на двете страни. За Астрос поентираа Џорџ Спрингер, Јули Гуриел, Абрахам Торо и Кајл Такер, додека за Аризона поентери беа Кол Калун, Едуардо Ескобар, Давид Пералта и Ник Ахмед.



