Екипата на Оклахома Сити Тандер, синоќа, му го нанесе вториот пораз во последните три меча на тимот на Лос Анџелес Лејкерс и тоа со резултат од 86-105.
За Тандер, ова беше осма победа на последните девет натпревари, притоа земени во предвид и дуелите пред паузата, како и претсезонските мечеви.
Синоќа, Оклахома имаше резултатска контрола во текот на цел натпревар, а најефикасен играч беше Крис Пол со дваесет и еден поен, седум скокови и шест асистенции.
ЛеБрон Џејмс, од Лејкерс, беше единствениот играч со дабл-дабл учинок составен од деветнаесет поени и единаесет скокови. Воедно, Американецот беше и најефикасен играч на својот тим.
Со оваа победа, Оклахома дојде до учинок од 42-25 доволен за шестата позиција на западот каде што првопласирана екипа е ЛА Лејкерс со 51-16.



