Првиот осмина-финален дуел од тековната НБА сезона го одиграа екипите на Денвер Нагетс и на Јута Џез.
Двете екипи постигнаа по 115 поени во регуларниот дел по што следуваше продолжението. После дополнителниот дел, до победата, а воедно и до водството од 1-0 во меѓусебната серија, стигна Денвер, кој славеше со 135-125.
Донован Митчел (Јута) беше убедливо најефикасниот играч на натпреварот со вкупни 57 поени, а Никола Јокиќ (Денвер) беше единствен кошаркар со дабл-дабл учинок од 29 поени и 10 скокови.
Педесет и седумте поени на Митчел се трет највисок број на постигнати поени на еден плејоф натпревар во историјата на НБА. На првите две позиции се наоѓаат Мајкл Џордан (63 поени против Бостон во 1986) и Елгин Бејлор (61 поен против Бостон во 1962).